Бунтовник од Сирија се разнел себеси и своите соборци кога со телефонот кој бил поврзан со експлозив решил да направи селфи. Снимката прикажува членови на Слободната сириска армија собрани околу камерата, осум мажи кои седат крај бунтовничкото знаме и пеат на микрофон. Еден од нив го крева телефонот за да се слика себеси и останатите. Се слуша чкрапањето на телефонот и веднаш потоа експлозија ја затресува просторијата, исполнувајќи ја со чад.

Слободната сириска армија е поврзана со Западната коалиција и се бори против Исламската држава, но во исто време и против силите верни на сирискиот претседател Башар ал-Асад.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено