Англичанец забележал дека од паричникот на неговата 83-годишна мајка, која боледува од деменција постојано исчезнуваат пари. Тој решил да постави камери низ домот на неговата мајка за да види што навистина се случува.
За неговата мајка се грижеле неколку негувателки, а синот забележал дека во деновите кога доаѓала негувателката Софи Реталик парите исчезнувале.
Кога ги проверил камерите, неговите сомнежи се потврдиле. Софи земала пари од паричникот на болната жена, со надеж дека никој нема да примети или дека тоа ќе го префрлат на нејзината болест.
Синот веднаш ги однел снимките во полиција, а откако била уапсена Софи признала дека земала мала сума на пари секогаш кога се грижела за старицата. Негувателката се правдала дека платата и била мала и ѝ биле потребни пари за лекови.
Софи добила 12 недели казна затвор, 80 часа неплатена работа и на оштетеното семејство треба да му исплати 300 евра плус судски трошоци.