Пред на тргне на училиште 11-годишниот син на Џозеф Блакнеј се расправал со својата мајка. Камионџијата од Тексас му кажал на синот да престане затоа што ќе го казни, но момчето не го сфатило сериозно. Затоа, таткото на две деца, решил да го испрати синот до училишниот автобус со стил.
Џозеф „позајмил“ црн фустан од неговата сопруга, го облекол и така го дочекал училишниот автобус заедно со неговиот син. 32-годишниот маж објавил и статус на Фејсбук на кој пишувало: „Кога се однесуваш со својата мајка лошо наутро тато ќе те испрати до автобусот во убав црн фустан.“
Додека некои луѓе ја критикуваат оваа постапка на Џозеф, други ја пофалиле неговата креативност. Џозеф изјавил дека доколку неговиот син ја повтори истата работа наредниот пат, ќе го испрати до училиштето, облечен во црниот фустан.