Синчето на една политичарка станал тинејџер, но не знаел како да си фати девојка. Но затоа пак неговата мајка била преискусна, го седнала и му рекла:
– Слушај сега. Одиш во некој кафич, седнуваш на шанкот, погледнуваш и ако ти се допаѓа некоја ми се јавуваш на мобилен. Ме разбра ли?
– Да ма мајко.
Оди синчето во бар, седнува на шанкот, си нарачува виски и се загледува. Му се допаднала една супер јака женска.
Го кренал телефонот и се јавил на мајка си.
– Сега што да правам?
– Па… оди кај неа, започни разговор, и части ја нешто. Потоа одете во диско и штом таа ќе побара да си оди, ти веднаш однеси ја до дома. Штом ќе стигнете пред нејзиниот дом прашај ја дали можеш да се качиш кај неа на кафе. Штом таа ќе отиде да го прави кафето пак ќе ми се јавиш на мобилен.
Синчето направило сè како што му рекла мајка му. Штом се качил кај неа и девојката отишла да прави кафе, тој веднаш и се јавил на мајка му.
– Сега што да правам?
– Сега сине, фати го најцврстиот дел од твоето телото и стави го таму каде што таа мочка.
Не поминале ни 5 минути и телефонот на мајката повторно ѕвони.
– Нели ти реков што да правиш бе идиот…
– Извинете, вие ли сте мајката на Киро?
– Да?!
– Добро, сега дојдете да му ја извадите ногата на синот ви од мојата ВЦ шоља!!!