Се викам Елена Трајковска и стојам во чекалната на стоматологот. По некое време му го забележувам целото имe на стоматологот и се сеќавам на високото најубаво момче со истото име, по кое бев затрескана во средно. Се прашувам дали е истиот човек. Но потоа кога го гледам ќелавиот, збрчкан 40-годишен стоматолог, оваа мисла брзо ми излегува од глава – тој е премногу стар за да ми биде соученик.
Откако ме прегледа, јас сепак го прашувам дали учел во мојата гимназија. Тој ми одговара дека навистина учел таму. Јас го прашувам кога завршил.
„Во 1990“ – ми одговара тој.
„Зошто прашувате?“
„Сте учеле во мојата гимназија“ – му одговарам.
Тогаш тој почнува внимателно да ме гледа. И тогаш овој грд, стар, ќелав, збрчкан, дебел, мрсен кучкин син ме прашува:
„По што предававте?“