Во Регионалниот медицински центар CaroMont во Северна Каролина, се реализираат специјални мини-церемонии за да се прослави животот на предвремено родените бебиња. Тие добиваат капа за дипломирање и портрет.
„Тоа е само за бебиња родени во 34 недела од бременоста или порано … кога тие ќе си заминат тоа е огромно достигнување не само за бебето, туку и за родителите.“, раскажува Мелиса Џордан, медицинска сестра во Регионалниот медицински центар CaroMont.
Џордан била инспирирана да го направи ова откако поминала одредено време со бебе родено во 29тата недела од бременоста. „Денот кога требаше да си замине од болницата му дадовме капа и сите од персоналот игравме и пеевме и гледавме како неговите родители се среќни и намсеани. Тогаш знаев дека треба да продолжиме вака и со другите семејства.“, вели Џордан.