Титулата за најстарата личност во светот и припадна на 117-годишна Виолет Мос-Браун од Јамајка, родена на 10ти Март 1900та година. Таа работела на шеќерна плантажа и својата долговечност ја должи на добрите гени и читањето на Библијата.
Виолет сеуште живее во семејната куќа во Дуанвале, Јамајка, во која што се родила и која е во нејзиното семејство веќе 200 години. Таа ја наследи титулата за најстара личност во светот од Ема Морано од Италија, која на 117 години почина во својот дом на 15ти Април. Нејзиниот доктор рекол дека таа починала мирно во нејзината фотелја.
Браун, позната како тетка В, е последната жива личност од времето на кралицата Викторија, затоа што Јамајка била дел од Британската колонија во 1900 година. На нејзиниот 115ти роденден кралицата Елизабета II и пратила честитка за роденден. Овие информации се наведени во биографијата на Виолет.
Најстариот син на Виолет, Харолд има 97 години што го прави најстарата личност во светот која што има жив родител. Виолет работела на шеќерна плантажа и како слугинка. Кога успеала да собере доволно пари таа купила имот на кој одгледувала шеќерна трска и пешачела по два дена до соседниот град за да ја продаде.
Оваа жена претприемач ја отворила и првата пекара во градот и држела часови по музичко и шиење, а притоа била вклучена во работењето со Методистичката црква. Таа јасно се сеќава на моментот кога го видела првиот автомобил и авион.
Во нејзината диета Виолет освен овошје вклучува и многу специфично јадење, копито од крава, но таа никогаш не јаде свинско или пак пилешко месо. Таа е мајка на 6 деца и многу внуци и правнуци. Освен Библијата, Браун ужива да ги рецитира стиховите од Џорџ Гордон Бајрон и тоа на памет.