Јапонка која вели дека преживеала неколку години домашна злоупотреба од нејзиниот дедо, споделила фотографии на кои што тежи само 16 килограми. Таа откри како нејзиниот дедо одбивал да ја нахрани и физички ја злоставувал кога ја забележувал дека јаде.

Селфи фотографии направени непосредно пред да биде хоспитализирана пред десет години, ја покажуваат жената, од Кјото, централна Јапонија, со шокантно тенка фигура. Жената опишала како, кога живеела во грижата за својот дедо пред повеќе од десет години, постојано ја изгладнувал. Таа напишала дека и било „забрането да јаде“, а кога ја забележувал дека јаде ја „клоцал во стомакот“ и ја терал да ја исплука храната.

Исто така таа физичка злоупотреба предизвикувала повраќање кај неа, што уште повеќе ја влошувало ситуацијата. Во нејзиниот пост на социјалните медиуми, таа ги повика оние што страдаат од слични злоупотреби или нарушувања во исхраната да не чекаат, велејќи дека треба да „побараат помош пред да биде предоцна“.

Лево на фотографијата е жената која тврди дека сега се опоравила од злоупотребата.

Кога на крајот била спасена експертите ѝ рекле дека била „само 10 минути до смртта“. Кога корисниците на социјалната мрежа ја обвиниле дека фотографиите се лажни, таа ставила серија други фотографии, кои наводно биле направени во болница, кои исто така покажуваат модринки на градите и вратот.

Сега, десет години подоцна кога е во нејзините 20-ти, таа вели дека се опоравила од нејзината тешка злоупотреба и е со здрава тежина.

Жената не открила дали биле преземени одредени мерки против нејзиниот дедо, ниту пак против било кој друг член на семејството во тоа време.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено