Дванаесетгодишен ученик кој за малку ќе загинел од силен електричен удар сега тврди дека искуството на блиска смрт му дало натприродна моќ како на Магнето од Иксмен.

Несреќата се случила кога Николај Крјаглјаченко се враќал од училиште и се потпрел на на електричен столб кој бил погрешно ожичен и спроведувал струја, и од силниот електричен удар бил фрлен на плочникот.

„Кога си дојдов на себеси, се чувствував зашеметен, но успеав да стигнам до дома и ѝ кажав на мама што се случи. Кога следниот ден се разбудив и станав од кревет, видов дека некои монети кои лежеа на душекот ми се залепиле за телото. Потоа, кога појадував ми се испушти лажицата и таа ми се залепи за градите.

Можам да правам нешта коишто порано не можев да ги правам, но не можам да воспоставам некоја контрола врз тоа. Дури и кога не сакам да го правам тоа, сѐ уште привлекувам разни работи. Еднаш дури привлеков и стакло – просто се придвижи кон мене.“

Николај, кој е голем љубител на стрипови, мисли дека можеби развил некаква натприродна магнетска моќ да привлекува метали, не разликувајќи се многу од таа на Магнето. Со оглед на тоа, кога ќе порасне тој сака да биде суперхерој кој ќе им помага на луѓето.

mg-1

mg-2

mg-3

mg-4

mg-5

mg-6

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено