Запознајте ја Љубов Мореходова, 76-годишната баба која живее крај Бајкалското Езеро на Сибир и добила идеја како активно и интересно да ги поминува своите пензионерски денови. Баба Љубов секој ден поминува големо растојание со нејзините уникатни лизгалки, изработени одамна од рацете на нејзиниот татко.
Иако нејзиниот сопруг починал, таа не е осамена затоа што ги има своите животни. Таа секој ден им носи кофи вода од езерото и тоа на лизгалките. Освен нејзиниот активен живот, таа има и други таленти како што е везењето и победува на локалните натпревари.