Шведска полицајка која не била на должност уапсила џепчија, шокирајќи го за цел живот – кога го соборила на земја носејќи само бикини. Микаела Келнер, ветеран на „Шведски Нинџа Воин“ и 11 години полицајка, си се сончала во парк во Стокхолм заедно со пријателките кога им пристапил некој џепчија. Преправајќи се дека продава списанија, човекот почнал да зборува со група жени во бикини. Дури кога си тргнал, една од пријателките на Микаела забелажала дека ѝ исчезнал телефонот.
„Јас само го следев својот инстинкт и не размислував многу сѐ до мигот кога го соборив“, изјавила Келнер. „Кога ги погледнав пријателките, коишто не се полицајки, сфатив дека веројатно тоа изгледало многу смешно.“
Снимката од спектакуларното апсење станала хит на интернет, откако таа ја објавила на својот Инстаграм профил, каде што за еден ден собрала над 6000 лајкови.
„Ќе дејствував во било каква облека. И гола да бев, пак ќе интервенирав. Ништо нема да ме запре. Џепчијата набргу увиде дека не му вреди да се противи.“
Хероите на нашето време не се политичарите и богаташите, туку обичните луѓе со своите мали, но големи подвизи. На каналот Победници, хероите на нашето време се на прво место.