Кога Кристијан Шалерт го купил својот стан, мајка му била вџашена од неговиот избор. За да стигне до станот, треба да се искачи 100 скали. Кога се вселил, на подот имало само еден стар душек. Станот бил без таван, ѕидовите биле со стара боја и сѐ морало да се поправи. И згора на се, станот е со површина од само 24m². Но Шалерт точно знаел што сака да направи со ова станче.

На прв поглед, станот изгледа сосема празен. Но кога ќе почне да ги отвара ормарите скриени во ѕидовите, станува јасно дека овој стан во Барселона ги има сите потребни удобности – дури и повеќе од тоа. Погледнете го следниот видео клип за да видите колку е прекрасен овој апартман.

 

Сподели на Facebook
пати видено