Членовите на екипажот на морнарички брод на Колумбија забележале како тројца мажи се држат за некои пакети во Тихиот океан, лоцирани приближно 30 наутички милји од брегот на пристанишниот град Тумако, Колумбија. Секако морнарите побрзале да им помогнат на мажите, но откако дошле до нив и ги качиле на бродот им станало јасно што всушност се случило.

На бродот кој потонал имало 4 мажи, од кои 3-ца биле пронајдени, а 4-тиот се води за исчезнат. Тројцата мажи поминале најмалку 3 часа во океанот пред да бидат спасени. Најверојатно тие не би преживеале да не бил нивниот „вреден товар“ кој го пренесувале.

Видео снимките снимени од спасувачите ги прикажуваат мажите како лебдат во океанот, опкружени со спакуван кокаин. На мажите им била укажана лекарска помош на бродот, а потоа биле предадени на полицијата, додека потрагата за 4-тиот маж продолжува. Вкупно имало 1,2 тони кокаин, „благодарение“ на кој криминалците се спасиле, но исто така сега ќе завршат и во затвор.

Сподели на Facebook
пати видено