Швеѓаните да можат да располагаат со еден час одмор во текот на работниот ден, за да можат да тркнат до дома на партија секс со партнерите. Такво нешто предлага советник во градско собрание во Шведска, со аргумент дека тоа ќе ги зближи луѓето. Пер-Ерик Мускос цитира истражувања кои покажуваат дека сексот е добар за здравјето. Според него, двојките не минуваат достаточно време заедно во современото општество.
Швеѓаните се на трето место по Финците и Французите на листата за најкратко работно време во Европа.