Шведска го забранува пушењето на отворено на одредени јавни места, вклучувајќи игралишта и платформи на железнички станици.

Со 142-120 гласови во средата, Риксдаген ја продолжи забраната за пушење која ќе започне од 1 јули 2019 година. Пушењето во ресторани на отворено и во специјални кабини за пушење исто така ќе биде забрането.

Во Шведска, пушењето во моментов е дозволено во одредени места за пушење во повеќето работни места и на јавни места. Официјалните бројки покажуваат дека само 11% од шведското население од 10 милиони, пушело цигари секојдневно во 2016 година, а околу 10 проценти пушеле повремено.

Во мај 2005 година, Шведска го забрани пушењето во барови и ресторани. Според новиот закон, целта е скандинавската земја да стане „држава на непушачи“ до 2025 година.

Сподели на Facebook
пати видено