Најудобното место за гледање на филм е во нашиот кревет, но сепак тука недостасува оргомното платно, звуците, ефектите, а никој нема да ни дозволи да си го земеме креветот со нас, зарем не?
Но, Швајцарците сфатиле дека многу луѓе би сакале да си ги земат со нив креветите и затоа тие решиле да направат кино сали со кревети, нарекувајќи ги „ВИП спални“.
Венанцио Ди Бако, извршен директор на компанијата „Pathé Switzerland“, која стои зад овие кино-сали изјавил дека луѓето не треба да се грижат за хигиената, бидејќи чаршафите ќе се менуваат по секој филм (во случај на акција и надвор од платното).
Во „ВИП спална“ киносалата има 11 двокреветни кревети, секој со електронски прилагодливи потпирачи за глава. Кино-салите не се бадијала наречени „ВИП“ бидејќи едно прикажување на филм чини 43 евра, со вклучена храна и пијалок за филмот, за разлика од 17 евра за обичен билет, додека киното за деца чини 12 евра.