Во една прилика, некој човек го повикал својот пријател кој живеел во планинско село, на гости во големиот град. Го повел со себе во разгледување на градот и додека шетале, селанецот одеднаш рекол: „Слушам штурче!“.

„Невозможно е, во толкав метеж од брмчењето на автомобилите и гужвата, ти да го чуеш штурецот“, му рекол пријателот. „Невозможно!“.
Селанецот се наведнал, ја поткренал грмушката и му го покажал штурчето. „Но, како?“ запрашал неговиот пријател.
Селанецот побарал една монета и ја испуштил на тротоарот. Монетата заѕвечкала! Минувачите застанале и се свртеле накај местото, од каде што доаѓал звукот на паднатата монета.
„Оние работи што ти значат, ќе ги слушнеш, без разлика каков и да е метежот, каде и да си“ одговорил селанецот.
„Гледаш, овие луѓе во метежот ја слушнаа монетата, а јас го слушнав штурчето.“

Нека не ве залажуваат споредните звуци во вашиот живот, слушнете го тоа што ви е најавжно во живот, и не испуштајте да го живеете најдобро што можете. Животот е постојана борба за „подобро утре“, но убавината на животот не се состои во можната среќна иднина, туку од среќата во реалната сегашност. Во сегашноста треба да научите да бидете задоволни од себе и од она што го имате. Подзастанете и не игнорирајте ги сите оние секојдневни ситници кои успеваат да создадат барем мала насмевка на вашето лице.

 

Сподели на Facebook
пати видено