Турскиот претседател ја обвини Москва за клевета поради тврдењето дека неговата земја купува нафта од ИСИС, како што односите помеѓу двете земји по соборувањето на рускиот борбен авион продолжуваат да се заоструваат. Турција одби да се извини за уништувањето на авионот, иако после острите руски реакции, призна дека можеби би дејствувале „различно“ доколку знаеле дека авионот бил руски. Турската војска собори руски Су-24 борбен авион во близина на сириската граница во вторникот, откако наводно навлегол во воздушниот простор на земјата. И двајцата пилоти се исфрлиле од авионот, и едниот од нив, капетан Константин Мурахтин, бил спасен од страна на руските специјални сили откако слетал во шума на територија контролирана од бунтовниците, но другиот, потполковник Олег Пешков бил застрелан од бунтовниците.
По инцидентот, Русија ја обвини Турција дека им плаќа на борците на ИСИС така што купува нафта од нив. Но денес турскиот претседател РЕџеб Таип Ердоган ги отфрли обвинувањата, нарекувајќи ги клевета. Говорејќи во Анкара, тој кажа: „Тие тврдат дека Туција купува нафта од Даеш“, употребувајќи друго име за ИСИС. „Срам да ви е. Тие коишто тврдат дека ние купуваме нафта од Даеш се должни да го докажат тоа. Ако тоа не го сториш тоа, тогаш си клеветник.“
За Франс 24 тој изјави: „Тоа се лаги, тоа се клевети. Ние никогаш, никогаш не сме имале таква комерцијална врска со било која терористичка организација. Тие мора да го докажат тоа, и ако можат, Таип Ердоган ќе го напушти кабинетот.“
Ердоган исто така ѝ префрли на Русија за нејзината поддршка на режимот на Башар ал-Асад. Русија ја разгневи Турција со нејзината воздушна кампања во Сирија во септември, при што Анкара ја обвини Москва дека се фокусира во нападот на умерените бунтовници наместо на џихадистите од ИСИС. Тој рече: „Тие што спроведуваат воена кампања со претекст дека се борат против Даеш, всушност се борат против антирежимски настроените противници. Вие велите дека се борите против Даеш. Извинете, но вие не се борите против Даеш. Вие рака под рака убивате турски сродници со цел да ја расчистите областа северно од Латакиа.“
Неговите коментари доаѓаат по протерувањето на 39 турски бизнисмени кои присуствувале на земјоделска конференција во Русија. Според Југополис, бизнисмените влегле во Русија со туристички визи, а требало да набават бизнис визи. Бизнисмените изјавиле дека не знаеледека го нарушиле законот за емиграција , но и покрај тоа биле уапсени и депортирани од страна на руските власти. Рускиот министер за туризам, Олег Сафронов, изјави дека „сета соработка со Турција на полето на туризмот ќе биде запрена“. Руското министерство за надворешни работи побара од сите свои сонародници кои се наоѓаат на одмор во Турција да се вратат дома.
„Во врска со постоечките терористички закани на турска територија, уште еднаш им препорачуваме на руските граѓани да се воздржат од посети на Турција и им препорачуваме на Русите кои таму се од лични причини, да се вратат дома“, стои во изјавата.
Русија се закани дека ќе остави црна дупка од 10 милиони долари со повикувањето на руските туристи дома да се вратат дома и инсистирањето други да не патуваат во Турција. „До крајот на годинаваќе нема руски туристи во Туција“, тврди рускиот министер.
„На руските министри им било наредено да изработат систем за мерки во реакција на овој чин на агресија“, изјави рускиот премиер Дмитри Медведев. Еден владин советник дури побара Русите да престанат да купуваат турски домати.
„Секој разбира дека секој турски домат купен на пазар е придонес за уште еден проектил кој ќе биде истрелан врз нашите момчиња“, предупредува Генадиј Онишченко. Покрај ова, руските власти се закануваат за спроведување на засилени контролни мерки за турските производи коишто „ги нарушуваат руските стандарди и правила“.
Во меѓувреме, Путин го искажа својот гнев со безмилосно бомбардирање на регионот кадешто еден од пилотите беше убиен од страна на исламистите.