Го прашуваат Пејо:
– Ќе има ли војна?
– Не ме интересира, имам два излеза.
– Како тоа?
– Па или ќе има војна или нема да има војна.
– Ако нема војна супер, ако има воја пак имам два излеза.
– Како имаш два излеза?
– Или ќе ме ранат или нема да ме ранат. Ако не ме ранат, супер. Ако ме ранат пак имам два излеза.
– Како имаш два излеза?
– Или лесно ќе ме ранат или тешко. Ако ме ранат лесно супер. Ако тешко ме ранат пак имам два излеза?
– Како пак имаш два излеза?
– Или ќе умрам или нема да умрам. Ако не умрам супер. Ако умрам пак имам два излеза.
– Кои два излеза имаш?
– Или ќе одам во рајот или во пеколот. Ако одам во рајот супер. Ако одам во пеколот пак имам два излеза.
– Кои пак и овде два излеза имаш?
– Или ќе го сретнам ѓаволот или нема да го сретнам. Ако не го сретнам супер, ако го сретнам пак имам два излеза.
– Кои два излеза?
– Па ѓаволот или ќе ме изеде или нема да ме изеде. Ако не ме изеде супер, ако ме изеде овде имам еден излез.

Сподели на Facebook
пати видено