Кога ќе кажеме Ферари и Ламборгини веднаш ве асоцира на најлуксузните возила, зарем не ? Но во Италија не било така. Ламборгини ги асоцирало на трактори. Ламборгини крие многу интересна приказна за тоа како успеа да еволуира, од обработување на полињата во Болоња до еден од најлуксузните брендови во светот.
Се започнало од лична навреда дадена лично од страна на господинот Ферари. Феручио Ламборгини бил човек со многу способности. Како механичар во италијанските воздухопловни сили за време на Втората светска војна, тој отворил автомеханичарска работилница во Северна Италија и со купување на стари воени машини произведувал трактори. Тој заработил многу пари.
Толку многу пари, што конечно можел да си го приушти новото Ферари 250 ГТ, вистински знак за неговиот успех. Но имало проблем. Поради тоа Феручио тргнал на пат да го посети Ензо Ферари лично. Ферари познат по игнорирањето на неговите клиенти, не обрнувал внимание на тајкунскиот произведувач на трактори, изјавувајќи: “Проблемот не е во автомобилот туку во возачот.”
Тука започнало целото ривалство. Ламборгини бесен од навредата на Ферари, одлучил да создаде свој автомобил само од инает. Тој вработил неколку поранешни вработени на Ферари и им рекол да се фатат за работа за да го победат нивниот поранешен шеф, во сопствената игра.
Тимот успешно си ја заврши работата, резултатот на нивниот успех е Ламборгини ГТ 350, а остатокот е историја.