Останува сѐ помалку време до Нова Година и сите почнуваме да размислуваме за подароците кои би сакале да им ги подариме на најблиските. Како да им честитаме на шведски или на јапонски? Впрочем, секоја земја има свои традиции: некаде најдобриот подарок ќе биде конзервирана храна, а во друг дел од светот може да се очекува изненадување во обична пита.

1. Трупец во Каталонија

„Кагатио“ е шуплив трупец со насмеано лице, кој им се подарува на децата. Тој има и капа и се покрива со ќебе, за да не му е ладно. Од почетокот на декември до католички Божиќ трупецот се „храни“ со различни слатки и овошје. На Бадник децата го удираат со гранчиња и од него испаѓаат слатките, кои родителите претходно ги скриле во него.

2. Сапун и конзервирана храна во Јапонија

Во Јапонија, Божиќ не се прославува толку опширно како и на Запад, но посебна традиција за давање подароци кон крајот на годината сè уште постои и се вика Осабо. Податоците обично се даваат во првата половина на декември на роднини, колеги, лекари и професори. Јапонците претпочитаат да си даваат едни на други сокови, чај, конзервирана храна, овошје, десерти, детергенти или само сапун.

3. Пита со бебе во Мексико

Во Мексико, подароците за Божиќ или Нова Година не се толку популарни како самите забави, кои може да се одржуваат скоро секој ден од 12 декември до 6 јануари. Крајот на Божиќните празници обично се слави со голема забава со „кралска пита“, во која е скриена фигурата на бебето Исус. Тој што ќе ја најде фигурата ќе треба да ја организира следната забава.

5. Нова облека во Исланд

Една стара исландска традиција вели дека сите на Бадник треба да добијат нова облека како подарок за да избегнат да се сретнат со монструозната мачка. Според легендата, таа ги ловела и јадела оние кои не можеле да најдат нови работи во пресрет на празникот.

6. Лотарија во Шведска

Во оваа скандинавска земја за Божиќ можете да подарите лото ливче или кутија чоколади.

7. Изненадување за секој ден во Германија

Во Германија, подароците почнуваат да ги примаат во првите денови од декември. Се подготвува традиционален календар со 24 прозорци, од кои секој крие мал сувенир или чоколада. Така, Германците ги бројат деновите до долгоочекуваниот празник во годината. Можете да го купите календарот во продавница, но многу луѓе во Германија сакаат да го направат сами и да подготват 24 мини-подароци за своите најблиски.

8. Заби од морж и санки во Гренланд

Во снежниот Гренланд, семејствата сакаат да ги посетат роднините и да имаат забави на Бадник. Тие пијат кафе, јадат колачи и разменуваат подароци. Овде тие обично си даваат едни на други корисни работи: нов модел на санки, пар полирани заби од морж, или кожни ракавици.

9. Животни од источниот календар во Русија

Симболите на кинеската Нова година се појавија во Русија во раните 90-ти, кога земјата доживеа бум во извозот на стоки од Кина. Оттогаш низ продавниците во Русија се продаваат ситни сувенири со животни и годината која тие ја претставуваат.

10. Црвени коверти во Кина

Кинеската Нова Година често се нарекува „лунарна“, бидејќи нејзиниот точен датум е одреден врз основа на лунарните фази и обично се паѓа во еден од деновите помеѓу 21 јануари и 21 февруари. Кинезите си подаруваат црвени коверти со пари, бидејќи оваа боја ја симболизира среќата во Кина.

Сподели на Facebook
пати видено