Студијата покажува дека спиењето 8 часа редовно не е навистина луксуз, туку повеќе суштински дел од здравата рутина. Немањето на часови за квалитетен сон може сериозно да влијае на вашето ментално, емоционално и физичко здравје.
Истражувачите откриле дека само околу 40% од луѓето во САД добиваат доволно сон. Да разгледаме што се случува ако започнете да му давате приоритет на сонот.
Ќе учите нови работи побрзо
Ако не спиете доволно, тоа има влијание врз тоа колку добро можете да се концентрирате на нови вештини и да запомните нови работи. Научниците откриле дека обработуваме нови информации додека спиеме.
Ќе бидете посвесни
Кога редовно се одмарате, вашата концентрација, фокус и вештини за решавање на проблемите функционираат на нивните оптимални нивоа. Може да размислувате појасно и да донесувате побрзи одлуки.
Ќе ја контролирате тежината полесно
Оваа студија покажа дека додека спиеме, генерираме хормон наречен лептин, кој му кажува на нашето тело дека сме сити и дека не ни треба повеќе храна. Кога нема да се одмориме доволно, тој е надвор од рамнотежа и почнуваме да добиваме желби за храна.
Здравјето ќе ви се подобри
Научниците откриле дека доволно сон не само што ќе го намали нашето ниво на стрес, туку ќе го спречи ризикот од добивање на висок крвен притисок и висок холестерол. Лишувањето од сон може да доведе и до најразлични проблеми поврзани со срцето.
Може да го спречите развојот на дијабетес
Истражувањата откриле дека спиењето прави голема разлика во регулирањето на шеќерот во крвта и чувствителноста на инсулин и како резултат, спречувањето на дијабетес тип 2. Се чини дека „длабоката“ фаза на спиење е особено важна за ова и ако го скратите времето за спиење, голема е веројатноста да го прескокнете тој важен дел.
Ќе се опоравите побрзо од настинката
Дали се чувствувате поспано кога сте болни? Па, очигледно постои причина за ова. Студиите докажаа дека нашето тело оди во режим на спиење за да се опорави. Овој режим на спиење е кога нашиот имунолошки систем е најефикасен за борба против бактериите.
Кожата ќе ви изгледа подобро
Нашата кожа е многу добар показател за нашето општо здравје и благосостојба. Нашата кожа е нашиот најголем орган и добива постојана изложеност на временските услови, УВ светлината, прашината и сонцето, а кога спиеме, нашата кожа се санира.
Ќе бидете побезбеден возач
Оваа студија покажа дека возачите на кои им недостасува сон, се однесувале повеќе како возачи под дејство на алкохол.
Вашата рамнотежа ќе се подобри
Кога добивате доволно сон, вашата координација и рамнотежа се подобруваат, спречувајќи ве од сите видови на телесни повреди и несреќи.