Во изминатите неколку дека се појавија повеќе објави на социјалните мрежи за високо гама зрачење во околината на Крива Паланка. Истите се поткрепени со податоци од Европската комисија за „Мониторинг на радиоактивност во животната средина“.
Сепак од главните институции молк. Некои луѓе веќе почнале со претпоставките дека нѐ очекува Чернобил, но што всушност се случува?
Гама зрачење или гама зраци, гама фотони (γ-зрачење, γ-зраци) е облик на електромагнетно зрачење со најпродорни фотони, односно со најмали бранови должини во електромагнетниот спектар. Настануваат при интеракциите на субатомските честички како што се анихилација честичките и античестичките и радиоактивното распаѓање; повеќето зрачења потекнуваат од нуклеарните реакции.
„На автоматската радиолошка мапа на Европа од пред неколку дена има индикација за високо гама зрачење во околината на Крива Паланка. Нешто како да се случило на 20 јуни и сеуште се случува.
Споделете да се актуелизира до некоја релевантна институција за да проверат што се случува.“, пишува Фејсбук корисник.
На истата објава тој добил одговор:
Детектирано зголемено гама зрачење во Крива паланка. Има некој сознанија? Се случува нешто таму? Инфо?
„Функционира ли надлежна институција во државава која треба да го прати и мери зрачењето кај нас, за да даде логично објаснување за тоа што се случило или се случува кај Крива Паланка?!??
🔴 Алармантни ситуации се кога се измерени повеќе од 250 nSv/h во тек на 24ч, а во Крива Паланка просекот е 442,088 nSv/h!!!
1,768 пати повеќе!!!
🔴 Максимална доза измерена во последните 24ч е 4,420,000!!!!
17,680 пати повеќе!!!
Кај автоматскиот мониторинг систем кој го детектира јонизирачкото зрачење во земјава (радиоактивноста), станиците во Берово и Крива Паланка не даваат вредности 😡
❗️ Но, европскиов ДАВА и тој покажува НЕНОРМАЛНО ВИСОКИ гама дози на зрачење, радиоактивност!!!
Досегашното искуството од мониторингот на загадувањето на воздухот има востановена пракса од исклучување на станиците кои мереле високо, покажале вредности над дозволеното или детектирање пикови кои подоцна биле тргани од евиденција.
Ако нема податоци кај нас, сепак има податоци кои одат во Европа, ДОЛЖНИ сте да објасните што се случува и доколку според вас станува збор повторно за “грешка” на мерните инструменти, да измерете со други мерачи и докажете дека навистина е така.
Да не падне вината повторно врз граѓаните кои паничат и не им веруваат на институциите. Кога не сте транспарентни и кога постојано нешто се крие, кој да ви верува?“, стои во еден од коментарите.
Моментално состојбата на гама зрачењето во Крива Паканка е нормализирано, но сепак сметаме дека заслужуваме одговор за тоа што се случуваше во изминатите неколку дена.