Три луксузни автомобили, Ламборгини им ги свртеле главите на посетителите на криптовалутивната конференција што се одржала во Њујорк оваа недела.
Но, тие не им припаѓале на инвеститори со милиони долари туку биле поставени таму од дигиталната валута како дел од промоција која треба да им го привлече вниманието на луѓето.
Тие биле изнајмени од виртуелната валута „BitMex“ од дилерот наречен Broadway Supercars, предводен од човек наречен Џон Нури, кој изнајмува еден автомобил за околу 1.000 долари дневно. „Ние го правиме ова за многу компании цело време. Тоа е за луѓето што влегуваат. Сите велат дека кога ќе заработите пари во крипто, ќе купите ламбо. Јас [никогаш] не сум направил пари со крипто … но имам десет.“, вели Нури.
Почетната цена на овие автомобили изнесува околу 200.000 долари. Според Нури, трите блескави автомобили биле изнајмени за да бидат поставени надвор пред местото за одржување на конференцијата и да останат таму пет часа во понеделникот. Повеќе од 8.000 учесници платиле помеѓу 1.500 и 3.000 долари за билет, „Консензус 2018“ година се очекува да му направи на Coindesk најмалку 17 милиони долари оваа недела.
Конференцијата доаѓа по биткоин, најшироко користена криптовалута во светот која минатата година, вредеше околу 20.000 американски долари по виртуелна монета. Оттогаш, цената е сменета и сега е проценета на околу 8,700 долари по монета.
Друг интересен момент на конференцијата беше што некој организирал штрајк на банкарските работници кои наводно ги загубиле своите работни места, а причината за тоа било запленувањето на финансиската индустрија од страна на Биткоинот. Но, интернет корисниците ја разоткрија измамата, односно ги идентификуваа „протестантите“, кои беа евтини професионални актери кои немаат ама баш никаква врска со банкарскиот бизнис.