Ако сте доволно долго на интернет, сигурно сте ја виделе популарната слика на „детето кое се радува на успех“. Фотографијата за првпат станала позната во 2010 година и оттогаш е инспирација за безброј интернет мемови. Но, кое е тоа дете во реалниот живот?
Семи Грајнер сега има десет години. Бил наречен „лицето кое поттикна милион мемови“, но и покрај неговата интернет слава, Семи е дете како и сите други. Никогаш не го интересирала славата. Сѐ додека неговото познато лице не му пружи можност да го спаси животот на неговиот татко.
Една година пред неговата слика да стане вирална, на неговиот татко Џастин Грајнер целосно му откажале бубрезите. Оттогаш Џастин бил на дијализа, но во 2012 година докторите им кажале лоши вести. На Џастин му било неопходно пресадување на бубрег.
Семејството не можело да ја плати скапата операција. За да собере средства, Лејни, мајката на Семи поставила GoFundMe страница. Не спомнала дека нејзиниот син бил славното „дете-успех“, но не требало да мине долго време за луѓето да го препознаат познатото лице.