Џејк е ловец на богатство и нуркач. Тој одлучил да си комбинира професиите и да бара вредни предмети со детектор за метал под водата до плажите, наместо директно на самата плажа, како што прават повеќето луѓе.

Овој пат неговата дестинација била Хаваи, заедно со неговте пријатели Тристен и Брендон и тој не очекувал да пронајде толку интересни работи, на една од најпознатите плажи во светот, Ваикики плажата.

Сите тројца опремени со водоотпорен детектор за метал влегуваат во водите на самиот почеток на плажата и веднаш наоѓаат прстен од 18 каратно злато, со дијамант на него.

Но, ова е само почетокот. до крајот на нивната мисија успеале да пронајдат 9 венчални прстени.

Од сите пронајдоци 4 се со сигурност златни прстени од кои 3 се со дијаманти.

Џејк исто така вели дека пронашол еден прстен кој припаѓал на маж кој бил дел од спортски тим на Универзитетет во Тексас и бидејќи ја има изгравирано годината и Универзитетот тој вели дека ќе се обиде да го најде сопственикот. И успева во тоа.

Во глобала работите што ги пронашле во водата вределе околу 10.000 долари. Но, она што најмногу изненадува е бројот на венчални пртсени во водата…

Очигледно не треба да ја носиш сопругата на Хаваи, доколку планираш да гледаш во девојките во бикини.

Сподели на Facebook
пати видено