Фејсбук ве познава подобро и од вашите пријатели, вашите родители, а понекогаш подобро и од вашиот брачен партнер. За да го докажат ова, британски научници создале онлајн алатка која може да предвиди сѐ, од тоа со кој би сакале да спиете, до тоа колку сте умни – и сето тоа врз основа на ништо друго освен вашите Фејсбук „лајкови“.

Еве го тестот на Универзитетот Кембриџ:

Во иднина оваа алатка ќе се употребува од полициските сили за да ги забележат и набљудуваат проблемџиите на социјалните медиуми пред да извршат злосторство.

Наречена „Нанеси магичен сос“ (Apply Magic Sauce), оваа апликација го проценува вашиот пол, вашата интелегенција, политичките убедувања, религијата, животот, колку сте задоволни со вашиот живот и вашата сексуална ориентација. Исто така го погодува степенот на вашето образование и љубовниот статус и ги проценува петте важни лични особини – отвореност, совесност, екстровертност, согласливост и невротичност.

fb01

„Тестовите на личноста се вештачки, но `лајковите` на Фејсбук се нешта кои што луѓето ги направиле како дел од нивните вистински животи“, вели Дејвид Стилвел, истражувачот кој стои зад тестот осмислен во рамките на универзитетот Кембриџ. Тој вели дека алатката е необично точна, и како што се изразува тој, „веројатно и малку морничава“.

„Кога ќе ја споредите способноста на компјутерот да ја процени вашата личност со способноста на пријател, или вашите родители, колеги – компјутерот е поточен“, додава тој.

fb02

„Магичниот Сос“ фукционира така што ги споредува вашите лајкови со лајковите на шест милиони други луѓе. Штом на програмата ќе ѝ овозможите пристап до вашиот Фејсбук профил, резултатите ви ги прикажува речиси веднаш. Стилвел истакнува дека алгоритмите на Фејсбук се далеку помоќни бидејќи сајтот изградува слика на своите корисници врз основа на суштински информации, кои вклучуваат круг на пријатели и фотографии.

„Еден од предизвиците на нашите современи животи е дека се собираат податоци за нас и врз основа на нив се прават пресметки, но не можеме да видиме што точно прави Фејсбук зад кулисите.“ вели тој. „Сакавме да им покажеме на луѓето што може Фејсбук да определи за нив врз основа на некакви безвредни информации.“

fb03 fb04

Универзитетот Кембриџ годинава објави научен труд за овој модел, и доби две многу различни реакции. Првата беше од компјутерските научници кои на истражувачите им кажаа дека нивниот проект не е интересен и дека тоа веќе е правено и порано. Втората реакција беше од јавноста, која го изрази својот шок дека некој би можел да прави вакво нешто со нивните лични податои. „Ова значи дека постои разлика помеѓу тоа што е возможно и тоа што луѓето мислат дека е возможно“, изјави Стилвел. „Би сакал компаниите кои работат со лични податоци да бидат потранспарентни, за луѓето да имаат поголема доверба во процесот.“

Апликацијата пред сѐ беше развиена со цел да ја рекламира технологијата на Кембриџ на приватни компании, кои би можеле да ја употребат во истражување на пазарот – но има и една друга потенцијална примена, борба со криминалот, но и можноста за масовно надгледување.

„Би можела да биде употребувана од полицијата за да ги надгледува луѓето на општествено ниво“, смета Стилвел.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено