Група католички свештеници во Бразил се уапсени, обвинети за проневера на 484.000 евра од црковни донации, погребни такси и хуманитарни донации. Бископот од Формоса, Хозе Рибеиро, заедно со пет свештеници и тројца мажи, беа уапсени и однесени во во затворот во Гојаш оваа недела.
Во полициска рација во домот на еден од свештениците биле откриени над 20.000 евра ставени во пластични кеси скриени во таен простор за складирање во ѕидот. Се верува дека свештениците ја ограбувале црквата во период од три години, пред да бидат откриени.
Свештениците биле фатени откако им ги прислушкувале телефоните и откриле дека групата ги перела парите преку купување на ранч за добиток, агенција за лотарија, мобилни телефони, луксузни автомобили, скапи часовници и златни синџири. Биле пронајдени и големи количини на пари во странска валута. Истрагата, исто така, откри дека свештениците, кои биле вклучени во измамата, му плаќале на бискупот месечен „додаток за заштита“ од 1.000 до 2.000 евра, за да си ги задржат работните места.
Освен пари во домот на бискупот полицијата пронашла три iPhone-а, Macbook и пронашле повеќе пари скриени во фиоките околу домот, за кои обвинетиот тврди дека не му припаѓаат нему. На полицајците им биле потребни часови за да ги избројат запленетите пари.
Истрагата за сметките на Формосата епархија започнала минатата година откако членовите на собранието навеле нерегуларности и злоупотреба на средства од страна на Католичката црква.