Оваа неверојатна снимка го прикажува моментот кога мал авион се урна во океанот крај брегот на Калифорнија – пред пилотот и неговиот патник да си го снимаат сопственото спасување, додека биле пецнати од медуза и во ледена вода.
Пилотот Дејвид сфатил дека моторот на авионот откажал и дека ќе се сруши во водата. За среќа неговиот пријател успеал да ја извести контролата на летање и кружел околу местото каде што авионот на неговиот пријател се урнал.
Во водата подолу, пилотот на соборениот авион, Дејвид Леш снима со својот водоотпорен телефон бидејќи тој и неговиот единствен патник, кој не е идентификуван, се најдоа ледена вода 40 минути пред да бидат спасени. За среќа никој од нив не беше повреден.
Иако само што се сретнале со смртта пилотот и патничката се во добро расположение, кажуваат шеги и се насмеани. Професионалниот скијач и искусен пилот Леш му покажува на својата пријателка широко насмеана додека се изведени на безбедност.