Многу луѓе велат дека парите нема да ги расипат, но еден човек навистина останал верен на себеси. Роналд Рид е човек од Вермонт, САД, кој заработил милиони долари на берзата, но продолжил со својата работа како чистач сѐ до неговата смрт. Дури ни неговите пријатели не знаеле за богатството од 8 милиони долари кое го насобрал, сѐ до неговата смрт на 2 јуни 2014 – од коишто 6 милиони оставил на библиотеката и локалната болница во Братлборо, Вермонт.

„Никогаш не би познале дека тој човек е милионер“, вели неговиот адвокат, Лори Ровел. „Последниот пат кога беше тука, паркираше на место кадешто немаше паркинг-метар, за да заштеди некоја паричка.“

rd01

92-годишниот Рид, кој е првиот во своето семејство кој завршил средно училиште, носел стари кошули и своето време го минувал собирајќи паднати гранки за своето огниште. Всушност, тој изгледал толку сиромашно што еднаш се обидел да плати за својот редовен појадок во кантината на болницата во Братлборо, но некој друг решил да плати место него. Но, овој скромен човек, кој по Втората светска војна работел како чистач – скришно бил вистински волшебник на берзата. А сепак, и покрај тоа што се нашол на Вол Стрит Журнал и неговиот добар нос за пари, пријателите го опишуваат како повлечен човек кој бил задоволен со својот начин на живот.

rd02

Во најдобрите години од својот живот, повеќето од времето го минал напорно работејќи за две институции: Меморијалната библиотека Брукс и Меморијалата болница на Братлборо, на кои што им оставил најголем дел од своето наследство. Библиотеката, основана во 1886 година, добила 1,2 милиони долари, додека болницата, основана во 1904, добила подарок од 4,8 милиони долари.

rd03

„Тоа беше како гром од ведро небо“, изјавил Џери Карбон, извршен директор на библиотеката. „Со оглед на тоа што тој самиот се изградил себеси, ја препознал трансформирачката природа на библиотеката и што таа може да стори за луѓето“, додава тој.

Сподели на Facebook
пати видено