63-годишна собарка, која работи во хотел во Мајами го добила најголемото изненадување во животот кога светски познатиот рапер Дрејк и подарил 10.000 долари за шопинг треска. На денот кога Одел Парет го добила подарокот, веќе исчистила 14 соби во луксузниот хотел Fontainebleau во Мајами Бич, Флорида. Но, еден ден претходно мистериозна личност и обезбедила на жената чија што скромна плата ги издржува петте деца во САД и ќерката, внукот и семејството на Хаити, масажа во спа центарот на хотелот и јастог за вечера.
По вечерата жената заедно со една нејзина пријателка била однесена во трговскиот центар, каде што ја пречекал раперот Дрејк. Тој сакал да и помогне затоа што слушнал за нејзината приказна и дека таа секој ден патува четири часа за да ја извршува оваа напорна работа. Одел веднаш го препознала Дрејк бидејќи го гледала на телевизија.
Шопинг треската за Одел, која се преселила од Хаитите во САД пред 20 години, и уште две жени било огранизирано од раперот од Канада, Дрејк и играчот на Pittsburgh Steelers Антонио Браун, кој израснал во Мајами. На Одел и биле дадени 45 минути да купи што ќе посака и таа се одлучила за удобни обувки од 800 долари, Валентино чанта од 2.000 долари и четири шишиња парфем. Најскапата работа што ја купила бил златен ѓердан со дијаманти од 10.000 долари, кој Дрејк веднаш го одобрил. Жената првично сакала да купи облека, но ништо не и одговарало.
„Ова ме направи среќна…толку многу сум му благодарна.“, изјавила Одел. Дрејк започнал со неговите хуманитарни акции уште на 5 февруари, кога на студентка и дал 50.000 долари за да ги покријат сите нејзини трошоци за факултет.
Потоа во средно училиште во Мајами донирал 25.000 долари и им обезбедил училишни униформи на средношколците, од позната марка. Наредниот ден влегол во супермаркет и купил намирници во вреднст од 50.000 долари кој потоа ги поделил на купувачите.
За да не биде тоа малку, Дрејк посетил и засолниште за бездомници каде што донирал уште 50.000 долари и на сите бездомни жени им подарил картички од Таргет на кои имало 150 долари кои можат да ги искористат за да си купат нешто.
Сите овие активности ќе бидат дел од неговиот нов сингл и спот, God’s Plan (Божји план).