Тоа што го нашле е чудно, но нивната реакција е уште почудна.
Џош и Тара Ферин си купиле куќа во Солт Лејк Сити од семејството на старец кој неодамна починал. На првото разгледување на куќата, тие забележале неколку вреќи. Вреќите биле полни со ситни пари, а вкупната сума била 45.000 долари.
Наместо да си ги присвојат и потрошат, тие решиле да им ги вратат на роднините на старецот, затоа што најверојатно тој ги собирал за нив.