Од хотелот излегува маж со долга пура во устата. Еден уличен проповедник се загледува во него и го прашува:
– Извинете господине, колку чини вашата пура?
– 30 евра.
– А по колку пури пушите на ден?
– Не знам по 10-тина…
– Ете, гледате ли господине, тоа се 300 евра на ден. Ако неколку години се откажете од пушењето, со заштедените пари би можеле да си го купите овој хотел.
– А вие пушите ли?
– Не, се разбира.
– Тогаш зошто не си го купите овој хотел, кој меѓу другото е и мој?

Сподели на Facebook
пати видено