Еден цар си читал книга во градината на негвиот дворец, а на влезот на дворецот коларот поправал едно тркало. Коларот го оставил чеканот и длетото, се доближил до царот и го прашал:
„Простете ми за љубопитноста, но што читате господару?“
„Зборовите на мудреците.“, одговорил царот.
„Дали овие мудреци сè уште се живи?“, прашал коларот.
„Не, веќе долго време се мртви.“, објаснил царот.
„Значи она што го читате, се само ситни лушпи од душите на древните луѓе.“, рекол коларот.
Царот се налутил и нервозно му рекол на коларот: „Како се осмелуваш, ти, прост колар, да коментираш која што само јас, меѓу овој народ сум ја прочитал? Ако имаш што да кажеш зборувај, а ако не успееш да се оправдаш, ќе им заповедам да те обезглават!“
„Вашиот слуга донел таков заклучок преку својата работа. Ако работа без да брзам, не ми е тешко, но тркалото излегува недоволно цврсто. Ако работам пребрзо ми станува тешко и тркалото не се вклопува. Но, ако не брзам и не сум бавен, моите раце како да работат сами, а срцето чука заедно со нив. Не можам тоа да го опишам со зборови. Тука има некоја тајна која не можам да ја пренесам дури и на својот син, а и тој не би можел да ја прифати од мене. Затоа иако сум веќе многу стар сè уште ги правам тркалата. Така и древните луѓе сигурно умреле без да ги откријат своите тајни. Затоа мислам дека она што го читате се лушпи од душите на древните!“, одговорил коларот.