Ние сме навикнати да го земаме Сонцето здраво за готово. Дури и во облачни и дождливи денови, знаеме дека е над нас некаде и наскоро ќе го видиме повторно. Но, дали навистина знаеме колку е важно за нашите тела? Ова се 8 предвидувања за тоа што би се случувало со нашите тела доколку „решиме“ никогаш повеќе да не излеземе надвор и не добиваме редовно сончева светлина.
8. Здравјето на нашето срце ќе биде загрозено
Недостаток на сончева светлина значи дека нашето тело нема да може да произведува витамин Д. Овој витамин игра важна улога во заштитата од срцеви заболувања. Ултравиолетовите зраци исто така го регулираат крвниот притисок. Значи без Сонцето, ние сме повеќе склони кон кардиоваскуларни проблеми.
7. Без „сончеви“ емоции
Без сонце, ќе имаме помалку серотонин – хормонот на среќата – во нашето тело. И покрај тоа што постојат и други начини да бидеме посреќни, редовната сончева светлина е најлесниот и најприроден начин, особено ако е комбиниран со вежбање.
6. Сурови нерви
Се верува дека ако децата немаат доволно сончева светлина, тие ќе бидат повеќе изложени на ризик да развијат мултиплекс склероза, болест на централниот нервен систем, кога ќе станат возрасни.
5. Болка
Без сончева светлина, бидете подготвени да добиете повеќе болки по целото тело. Сончевата светлина помага да се загреат мускулите на телото и да се намали болката предизвикана од воспалителни состојби како артритис.
4. Намалени шанси за бременост
Без сончева светлина, ќе има повеќе мелатонин во телото на жената. Ова е хормон кој ја потиснува плодноста, со што се намалуваат нејзините шанси за зачнување на бебето. Покрај тоа, жените кои добиваат помалку сончева светлина ја достигнуваат својата менопауза порано од оние кои се изложени на Сонцето. Мажите, исто така, можат да страдаат од недостаток на сончева светлина; тоа директно влијае на нивото на тестостерон.
3. Намален имунитет
Помалку сончева светлина значи помалку бели крвни клетки. И колку помалку клетки имате, толку е потешко да се борите со инфекции.
2. Повеќе кариес
Дури и нашите заби ќе страдаат без Сонцето. Беше откриено дека луѓето кои добиваат помалку сончеви зраци развиваат повеќе проблеми со забите, како што е кариесот.
1. Зимска тага
Без сончева светлина, ќе бидеме засекогаш заглавени со сезонско афективно нарушување или попознато како „зимска тага“. Тоа е форма на депресија која е посебно предизвикана од недостаток на сончева светлина. Вештачкото светло не може целосно да ја замени природната сончева светлина.
Иако сончевата светлина е многу корисна за нашите тела, запомнете дека премногу Сонцето исто така не е многу добра работа. Ултравиолетовите зраци можат да предизвикаат изгореници и кожни болести – дури и рак. Сите работи се добри само во умерени количини.