Пилотот Рос Френкемонт бил воодушевен кога зелената природна светлина почнала да се одразува во неговиот авион и да се врти околу прозорецот од пилотската кабина. 40-годишниот пилот направил неверојатни снимки и фоторафии директно од неговиот U-2 Dragon Lady авион додека летал над Канда.
Северните светла се создаваат кога наелектризираните честички од сонцето влегуваат во атмосферата на Земјата.
Обично честичките се отклонуваат од магнетното поле на Земјата, но некои влегуваат во атмосферата и се судираат со гасни честички.
Овие судири емитираат светлина во многу бои, иако бледо зелена и розова се најчести.
Светлата може да се видат од земја и се највидливи во потемни места далеку од загадувањето на светлината во градовите.
Рос, кој никогаш порано не ги видел Северните светла летал со својот „шпионски авион“ кон крајот на февруари, кога ја забележал оваа природна убавина.
Пилотот од Леноир, Северна Каролина, ја снимил танцувачката аурора додека летал преку небото со брзина од околу 800 километри на час, на височина од над 20.000 метри.
Хероите на нашето време не се политичарите и богаташите, туку обичните луѓе со своите мали, но големи подвизи. На каналот Победници, хероите на нашето време се на прво место.