За разлика од нашите ученици кои јадат евтини сендвичи од најблиската сендвичара, Јужна Кореа се грижи за своите деца, а тоа се гледа по оброците со разновидна и здрава храна кои им ги даваат во училиштата. Да погледмене како изгледаат и што добиваат.
Кимчи – традиционално јадење од туршија, сладок тост, пудинг од чоколадо, соја сос, супа со печурки, кромид и јајца со тестенини, ориз и тестенини со туна.
Кимчи, ќофтиња, парчиња риба со лук, супа од зеленчук, колбас во пченкарен леб, ориз.
Зелена салата, сецкани пиперки со сос, компири со морков, краставица и шунка, Кимчи, свинско месо, кисели краставички, супа, алги, пурпурен ориз.
Кимчи, пилешки батак, банана, супа со тестенини, моркови, рибни стапчиња, јајца, кисела ротквица и спанаќ.
Тофу на скара во сос, Кимчи, риба на скара со сос од алги, чорба со компир и месо од патка, зелка, јајца, ориз.
Кимчи, јогурт од боровница, супа од ротквица, ориз, краставици, печурки, кисела ротквица, морков, спанаќ и зачинет сос итн. итн.