Нашите деца го гледаат светот со различни очи. Ништо не може да избега од нивното внимание, нивната љубопитност нема граници. Тие постојано поставуваат прашања и сакаат возрасните да им дадат брзи одговори. Но, многу често таквите прашања ги збунуваат и возрасните. Овие 11 прашања се едни од најчестите кои ги поставуваат децата. Прочитајте ги за да бидете подготвени наредниот пат кога Вашето дете ќе биде „жедно“ за знаење.
11. Зошто врие вода?
Кога водата се загрева, нејзините молекули почнуваат да се движат. Како што се интензивира движењето, растојанието меѓу молекулите расте и станува се поголемо и поголемо. Конечно, доаѓа еден момент кога врските меѓу молекулите стануваат премногу слаби. Молекулите летаат настрана и стануваат водена пареа. Овој процес се нарекува „испарување“.
10. Што ги одржува авионите во воздухот?
Што спречува Боинг-747 од 162 тони да не падне од небото? Силата која функционира тука се нарекува „лифт“. Лифт се генерира кога воздухот тече над и под авионско крило истовремено. Бидејќи воздухот се движи побрзо над врвот на крилото, има помал притисок таму. Во исто време, густиот воздух под крилата го турка авионот нагоре. Колку е поголема брзината со која авионот патува, толку е посилен лифтот.
9. Зошто е снегот бел?
Кога ги гледаме посебно снегулките транспарентни. Тогаш зошто снегот е бел? Одговорот е дека кога снегулките формираат голема маса, тие имаат тенденција да ја рефлектираат и одразуваат сончевата светлина. Рефлектираната светлина е бела, бидејќи нашето сонце е исто така бело (иако кога поминува низ атмосферата, сончевата светлина изгледа жолта).
8. Зошто човечката коса природно не може да биде сина?
Човечката коса содржи пигменти што може да ја направат дабиде црна, кафеава, жолта или црвена. Нашата коса исто така содржи мали воздушни меури. Комбинацијата на пигменти и бројот на воздушни меури присутни во косата ја одредуваат бојата. Пигменти достапни во нашата коса не можат да произведат сина или зелена боја кога ќе се комбинираат.
7. Зошто астронаутите лебдат во вселената?
Спротивно на она што го мислат многу луѓе, астронаутите на Меѓународната вселенска станица не се ослободени од гравитацијата. Гравитацијата на Земјата влијае на сите објекти во орбитата. Што се однесува до ефектот на бестежинска состојба – тој е присутен бидејќи станицата и нејзините жители всушност паѓаат кон површината на Земјата со 7,9 km/s! Но, поради големата надморска височина на која се наоѓа станицата, овој пад е постојан. Замислете лифт кој паѓа од горниот кат на облакодер. Едно лице во таков лифт ќе доживее привремена бестежинска состојба. Астронаутите во орбитата се соочуваат со иста работа, но на континуирана основа.
6. Зошто небото е сино?
Бидејќи сончевите зраци влегуваат во атмосферата на нашата планета, тие се расфрлани и прекршени. Првично белата, сончева светлина се дели на седум бои на виножитото. Бидејќи сината ја има повеќе од другите бои, таа доминира во палетата на небото. Но, небото никогаш не е идеално сино поради присуството на други бои во спектарот.
5. Што предизвикува магла?
Маглата се состои од огромно мнозинство на мали капки вода или ледени кристали кои се наоѓаат во воздухот само малку над земјата. Таа се формира кога воздухот е ладен, а земјата е топла, или обратно.
4. Зошто водата не гори?
Водата се формира како резултат на хемиска реакција каде водородот се оксидира со кислород и се произведува топлина. Поради тоа што веќе ја препуштила својата топлина, водата не е способна да гори во природни услови.
3. Зошто часовници работат на стрелки?
Пред да бидат измислени механичките часовници луѓето користеле „сончеви часовници“ за да го определат времето. Сончевите часовници за првпат се појавиле во северната хемисфера, каде движењето на сонцето правело сенките да се движат од лево кон десно. Подоцна во историјата, механичките часовници го наследиле поставувањето на сончевите часовници.
2. Зошто тркалото е кружно?
Тркалезната форма е совршена за тркалање по рамни површини. Бидејќи сите точки на рамката на тркалото се рамномерни од својата оска, оската останува на иста висина над земјата, а возилото не скока нагоре и надолу додека се движи по патот.
1. Зошто носиме долна облека?
Историски гледано, хигиената била главната причина за носење долна облека. Облеката била многу скапа и луѓето не можеле да си дозволат често да ја менуваат облеката. Денес хигиената е исто така најважната причина за носење на долна облека.