Овие морничави фотографии ги покажуваат личните предмети, оставени од луѓето кои решиле да стават крај на нивните животи во „самоубиствената шума“ во Јапонија. Шумата Аокигахара стана позната како едно од „најпознатите“ места за самоубиство во светот во последниве години, а неодамна се појави на насловните страници, откако блогерот Логан Пол, предизвика контроверзии со објавување видео од мртов човек во шумата.
Шумата во подножјето на планината Фуџи, станала синоним за депресивните луѓе кои сакаат да стават крај на животот, а за да го спречат тоа властите поставиле повеќе знаци кои ги поттикнуваат да размислат за своите семејства и ги вклучиле деталите за контакт со организацијата за спречување на самоубиства. Знакот гласи: „Вашиот живот е скапоцен подарок од родителите. Ве молиме размислете за вашите родители, браќа и сестри и деца. Не чувајте сѐ во себе. Зборувајте за вашите проблеми.“
Постојат многу докази кои покажуваат дека знаците не влијаат многу на луѓето кои доаѓаат да се самоубијат. До дрвјата можат да се пронајдат чевли, јакни, маици, како и голем број на јамки и проштални писма и други лични предмети оставени од несреќните луѓе.
Исто така скоро низ целата шума има конци и ленти, кои најверојатно колебливите луѓе ги врзуваат зад нив, за да се осигураат дека ќе го најдат патот доколку се предомислат.
Исто така позната како „Море од дрвја“, се смета дека изолираноста е една од причините поради кои луѓето толку често ја избираат оваа шума. Секоја година властите отстрануваат десетици тела, а некои остануваат неоткриени со години.
Јапонија која има највисока стапка на самоубиства по глава на жител, со повеќе од 21.000 самоубиства годишно се обидува да ја намали асоцијацијата на Аокигахара со самоубиства, не објавувајќи бројки за самоубиствата.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.