Кои и Шајн сакаат да го трансформираат начинот на кој се градат јавните структури. Нивниот дизајн „Земја на џинови“, предвидува електричните столбови да бидат преобликувани во статуи во човечки облик, со цел да се украсат вонградските средини во Исланд. Архитектите Џин Кои и Томас Шајн се умовите зад оваа интересна идеја.
„Како статуите од Велигденскиот Остров“,пишуваат Кои и Шајн на нивната веб страна, „предвидено е овие 50-метарски модерни каријатиди да бидат дел од пејсажот, а истовремено да им служат на луѓето, тивко пренесувајќи струја преку теренот, дење и ноќе, на сонце и снег.“