Сара била просветлена жена од Новата ера. Таа сфатила дека мора да ја преземе одговорноста за нејзиниот живот и да ја најде својата мисија на оваа планета.
Сара сакала да се занимава со екологија – да се грижи за Земјата и сите нејзини жители. Затоа кога добила таква понуда за работа таа веднаш ја искористила шансата. Таа се вработила во компанија која работела со висока технологија во областа на екологијата – нешто што во голема мера ја возбудувало Сара и ја натерало да верува дека може многу нешта да промени.
Новата работа барала од неа секој ден да патуваат до другиот крај на градот каде што работела во убава канцеларија и можела да ја достигне целта на нејзиниот живот. „Затоа сум тука, оваа работа е мојата страст“, си рекла Сара. Во новата работа сè одело добро, освен едно нешто. Сара страдала од клаустрофобија – страв од тесни простори. За да дојде до канцеларијата, таа морала да се вози со метрото и ова искуство ја парализирало два пати на ден. Секое утро, Сара влегувала во подземната железница и почнувала да се пржи на тивок оган во сопствениот страв. Целата се тресела и се прилепувала до столбовите со нејзината испотена ракаа срцето ѝ чукало брзо 25 минути, додека не пристигне во нејзината убава канцеларија.
По еден месец Сара застанала пред нејзините шефови и ја признала болеста:
„Ништо не се случува. Морам да најдам друга работа.“, велела Сара.
„Како така? Зарем ти не ја доби работата која што отсекогаш ја сакаше? Зарем ова не е победа за тебе?“, ја прашувале шефовите.
„Мојот страв од мали простори не ми дозволува да одам на работа. Патувањето ми го уништува целиот цел ден – двапати – по пристигнувањето и враќањето.“, одговорила Сара.
„Но, Сара зошто не се обидуваш да се бориш со стравот, наместо да бегаш од својата работа?“, ја советувале шефовите.
„Не знам… Од мали простори се плашам веќе 35 години, а оваа работа ја имам само еден месец.“, рекла Сара неодлучно.
Сара била премногу навикната на нејзиниот страв. Таа го познавала толку добро и ѝ станало удобно, старо чувство кое не сакала да го менува. Стравот да се ослободи од нејзиниот страв ја плашел повеќе од непријатното, но добро познато чувство. Колку пати на секој од нас му се има случено да остане на познатото, но непријатно место само затоа што се плашиме да влеземе во непознатото, што пак е подобро?