Фасцинантно ново видео го покажа движењето по патот од „гледна точка“ на Тесла автомобил. Видеото е снимено со камера од 360 степени со што на гледачите им се дава импресивен поглед, на тоа што автомобилот го „гледа“ за време на возењето.

Панав Кодали го креирал видеото преку податоци од Тесла Автопилотот и ги претворил во видео од 360 степени.

Не се знае за кој модел на Тесла станува збор, но Кодали вели дек се работи за автопилотот 2.5, кој е најновата верзија на автопилоти на фирмата. Тесла првпат го објави автопилотот 2.5 минатата есен, кој е изграден со поголема компјутерска моќ и е вклучен во Модел 3, Модел С и Модел Х возилата.

Автомобилот се движи на пат во Северна Каролина. Како што поминува секој автомобил, компјутерот на автопилотот регистрира информации за тоа, како и неговата брзина, без разлика дали се движи или е паркиран, како и неговата позиција во однос на компјутерот.

Сподели на Facebook
пати видено