Бизарно суштество кое личи на вонземјанин се појаву на плажа во Западна Австралија и целосно ги збуни локалните жители.
Фотографијата од суштеството била објавена на интернет од страна на корисник на Reddit кој рекол дека било пронајдено на плажата во Брум, од страна на неговата мајка и девојка.
Луѓето на социјалните мрежи веднаш почнале да шпекулираат за што станува збор, а голем дел од нив биле зачудени од формата и бојата на суштеството и тврделе дека никогаш не виделе нешто слично.
Конечно бил постигнат консензус дека суштеството е всушност морска саса која била превртена наопаку откако била нанесена на брегот. Морската саса се наоѓа во тропските води на брегот на Западна Австралија и може да порасне до 50 см.
Тие обично имаат повеќе бои, иако корисниците на Reddit шпекулираа дека била избелена од сонцето. Тие исто така имаат отровна боцка, која може да биде многу болна за луѓето и да бидат потребни неколку месеци за заздравување.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.