Група храбри туристи учат на потешкиот начин што значи да се има страв од височина, бивајќи првите посетители кои ќе минат преку новиот 182-метарски мост со дно од стакло. Оваа спектакуларна градба која е прва од ваков вид во светот се наоѓа во кинеската провинција Хунан. На интернет се појавија слики со посетители како се држат за оградата и со ужас и восхит минуваат преку мостот.
Порано тука се наоѓал мост од дрво кој ги поврзувал двата врва на Планината на Камениот Буда во геопаркот Шиниужаи. Но, 11 инженери во последните единаесет месеци работеле да ги заменат сите дрвени греди со стаклени панели, со што ова стана првиот толкав мост со стаклено дно. Според известувањата, некои посетители биле толку преплашени што едвај можеле да се движат, и се обидувале да не гледаат надолу. Мостот веќе е наречен „Херојски мост“, бидејќи е потребна голема храброст да се мине преку него.