Мајка на три деца ги преполовила неделните трошоци за храна така што престанала да оди по маркети, наместо тоа купувајќи на големо и од интернет. 36-годишната Кејт Хеј од Клекхитон, Западен Јоркшир заштедила повеќе до 4000 евра годишно купувајќи месо наголемо од интернет и одгледувајќи свои овошја и зеленчук. Нејзините неделни трошоци спаднале од 150 до 70 евра неделно, благодарение на планирањето и готвењето само колку да се задоволат семејните потреби.

Поранешната учителка вели: „Отсекогаш сум внимавала што трошам и откако родив три деца, станав доста внимателна во поглед на тоа што издвојувам за храна. Мојата неделна потрошувачка порано изнесуваше до 150 евра, а сега ја преполовив без да го намалам квалитетот и разновидноста на храната која ја јадеме.“

Кејт и нејзиниот сопруг Крис и нивните три деца Еди, Хари и Ајда сакаат да пробуваат различна храна и јадења од други земји.

„Готвиме се: тестенини, рижото, кари, кинеска храна, суши, мексиканска, француска, шпанска, пити – сѐ што ни се допаѓа, навистина“, вели таа. „Сосема е возможно да јадете здрава, вкусна и убава храна, без да трошите богатство на неа.“

hr01 hr02 hr03 hr04 hr05

Хероите на нашето време не се политичарите и богаташите, туку обичните луѓе со своите мали, но големи подвизи. На каналот Победници, хероите на нашето време се на прво место.

Сподели на Facebook
пати видено