Скопје, 23-ти април 2016 г. Шпаркасе Банка Македонија оваа сабота, на тревникот пред популарната „Школка“ во Градскиот парк во Скопје, пред голем број посетители ја промовираше новата платформа за општествена одговорност – Sparkasse Life.

PFZ_6297

Оваа платформа опфаќа повеќе области од општествениот живот кои досега Шпаркасе Банка Македонија успешно ги развиваше во рамките на нејзината стратегија за корпоративна општествена одговорност, а која делува во повеќе сегменти: култура и уметност, здравство, образование и наука, како и социјално ранливи категории на граѓани и лица со тешки и ретки болести. Како една нова област која ќе се развива во рамките на Sparkasse Life платформата е поддршката на спортот во функција на водење здрав живот.

„Општествената одговорност е една од позначајните стратешки определби на Шпаркасе Банка Македонија, која ја негува долгогодишната традиција на грижа кон општеството и заедницата во која делуваме. Ние во рамките на нашата Шпаркасе и Ерсте Групацијата посветуваме особено внимание и грижа за општото добро и ја даваме нашата поддршка за развој на заедницата преку поддршка на проекти од повеќе сегменти на општествена одговорност, кои веќе се составен дел од деловната стратегија на Банката. Оваа година во рамките на нашата стратегија за општетсвена одговорност фокусот го насочуваме и кон поддршка и развој на спортот во функција на водење на здрав живот.Овој настан претставува почеток на новиот концепт и ќе биде првиот од серијата активности кои планираме да ги реализираме во следниот период. Преку овие настани ќе ги стимулираме и вработените да земат активно учество во кампањата и да ги заменат автомобилите со своите велосипеди. Се надевамe дека нашата иницијатива ќе ја препознае пошироката јавност, но и дека ќе успееме да инспирираме што поголем број луѓе и институции за да придонесат со свое активно учество и свој личен придонес преку активно вклучување во акцијата за создавање на поубав и поздрав свет за секого“, изјави Г-дин Глигор Бишев, Претседател на Управниот одбор на Шпаркасе Банка Македонија.

PFZ_6274

Саботното дружење со Шпаркасе Банка го посетија многу поддржувачи на спортот и здравите навики кои уживаа во можноста да се рекреираат, забавуваат и едуцираат за позитивното влијание на спортот врз здравиот живот. Во рамките на отворената панел дискусија во која учествуваа врвни професионалци од областа на медицината и спортот посетителите имаа можност да добијат корисни совети за водење здрав живот и здрава исхрана, како и за неопходноста за вршење одредени физички активности во секојдневниот живот.

Овој настан кој успеа да привлече внимание на поголем број посетители е воедно и најава за следните активности од Шпаркасе Банка Македонија, кои ќе се случуваат секоја сабота во месец мај, во Градскиот Парк, со организирано отворено едночасовно вежбање заедно со професионални фитнес тренери, што често се случува и во градските паркови на познатите светски метрополи.

PFZ_6438

Сподели на Facebook
пати видено