Најголема атракција на карневалот во малото шпанско гратче Кунтис беше локалниот свештеник Хуан Карлос Мартинес, кој се појави како лежи на црвен кревет, а неговиот другар во женска долна облека му меша во скут.
Однесувањето на свештеникот беше осудено од страна на голем број претставници на Католичката црква, а му испратија и свештеник од многу повисок ранг да го провери и да реши какви мерки да се преземат. Од друга страна пак, локалното население многу добро ја прифати оваа шега на отец Мартинес. Тие сеуште си го сакаат и си го почитуваат. Мартинез рече дека се кае за ова и побара средба со Архиепископот за лично да му се извини.