На прв поглед личат како многу скапи тестенини, но се работи за нешто сосема друго.
Овие мали речни јагули се ловат само во одредено време во годината и тоа само ноќе. Се ловат со специјални мрежи и ловот не е лесен. Поради специфичниот вкус, порано луѓето ги користеле само како храна за животните, но откако почнале да се користат и како храна за луѓе, цената им пораснала до небо и сега се скап деликатес.
Додека се живи се речиси сосема проѕирни, а откако ќе умрат добиваат бела боја. Се убиваат со помош на тутун, потоа се пастеризираат во врела вода, по што се подготвени за продажба. Јагулите се пржат со лук и се јадат како тестенини.