Хотелскиот ресторан во Анамбра, Нигерија бил затворен од страна на полицијата, бидејќи нудел ново месо, за кое се испоставило дека е човечко.

Полицијата извела рација откако добила информација за можни канибалистички активности.

cv01

Ова НЕ е слика на чинија со човечко месо.

Кога полицијата пристигнала на местото, во ресторанската кујна нашле две отсечени човечки глави завиткани во целофан. Покрај тоа биле најдени автоматски пушки „Калашников“, муниција и неколку мобилни телефони.

cv02

По рацијата, локалниот свештеник изјавил дека имал сомнежи во врска со тој ресторан.

„Бев во тој ресторан на почетокот на оваа година, и ми беше кажано дека цената за месото кое го јадев е 700 наири (околу 3 евра). Бев изненаден, но не знаев дека скапото месо кое го изедов тогаш било човечко.“

cv03

Властите велат дека човечкото месо на менито било скапа посластица за богатите муштерии. Велат дека дури се нудела и човечка глава на жар.

cv04

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено