Ова е можеби најголемата опасност и најголемото откритие од најголема важност за нашиот народ!
Имено, според извештаите од најновите истражувања на руските научници, беше утврдено дека гумата користена во влечките на Чик Куманово содржела забранети и опасни супстанции кои биле внесени во Македонија под наредба на Тито а под налог на ЦИА, во соработка со Сорос и Билдерберг групата.
Станува збор за супстанцата дихидроген моноксид која според науката има погубни и застрашувачки последици по свеста на човекот. Таа влегува низ порите на кожата и влегува во крвотокот, од каде што завршува во мозокот и се напластува така ослободувајќи хормони кои ја намалуваат интелигенцијата на човекот и доведуваат до низа болести и девијации како на пример рак, опаѓање на косата, стерилност, алергии, негативно расположение, склоност кон богохулие па дури и хомосексуалност и други болести.
Според нашиот извор кој сакаше да остане анонимен, Македонија била дестинацијата на овие мерки затоа што уште тогаш Западот се плашел од македонската моќ и старите предвидувања дека Македонија повторно ќе завладее со светот. Поради тоа Тито бил инструиран од западофашистите да ја внесуваат таа гума произведена во лабораториите на ЦИА во обувките на Македонецот за да го ослабат и поробат! Сталин, свесен за ова се обидел да го елиминира Тито со голем број атентати кои за жал не успеале поради помошта која крвникот Тито ја добивал од вонземјаните стационирани во подземната база близу Вуковар, кои имале таен пакт со Американците и подоцна го убиле Кенеди. Подоцна Тито ја излажирал својата смрт, вели нашиот извор и се преселил да владее со Грција за дополнително да ја уништи Македонија и нејзиниот свет народ, влечејќи ги конците од сенка. Се шпекулира дека всушност Тито, Глигоров и Џорџ Сорос др всушност една иста личност, која е всушност господарот на масоните и воопшто не старее – сѐ додека ја црпи енергијата од слабоста на Македонскиот народ!!!
Но, не е сѐ така црно – начинот да се детоксикацира телото и умот од ефектите на дихидроген моноксидот се релативно лесни. Сѐ што треба е наутро и навечер да се пие по една мала чашка домашна ракија (жолта), зачинета со три капки сок од природно цеден лимон и една лажичка кафе и малку лук. Пожелно е при пиењето на лекот кој го чисти токсинот и го подобрува здравјето да се биде свртен кон Исток со грбот, а кон Запад со мевот, како не би дошло до напад од зад грб на злите западни сили. Овој ефект е дури трипати посилен ако носите крст или имате икона пред себе (од десната страна).
Автор на текстот: Душан Стојчев